Брзина на интернет
- Објавено во Мрежи и услуги
- Прочитано 3327 пати
- Печати
Агенцијата за Електронски Комуникации обезбедува две алатки со кои корисниците на услугите за интернет пристап можат самостојно да ја измерат брзината на услугата. Добиените резултати се информативни, но, ако измерените вредности при повеќекратно мерење со постапка спроведена според овие упатства значително отстапуваат од брзината која ја понудил операторот и за која е склучен договор, резултатите можат да бидат употребени и како дополнување на приговорот на корисникот кон операторот за неисполнување на договорните услови и необезбедување на услуга со соодветен, очекуван квалитет.
Критериумите за квалитет дефинирани во Правилникот за контрола и мерење параметри за квалитет на услуга за интернет пристап преку јавни фиксни електронски комуникациски мрежи се:
1. Брзината на пристап и за симнување и за праќање, треба да е поголема од 50% од договорената брзина во најмалку 95% од времето.
2. Брзината на пристап и за симнување и за праќање, треба да е поголема од 75% од договорената брзина во најмалку 50% од времето.
3. Брзината на пристап и за симнување и за праќање, треба да е поголема од 90% од договорената брзина во најмалку 20% од времето.
4. Просечното време на доцнење не треба да е поголемо од 100мс
5. Просечната варијација на доцнење не треба да е поголема од 20мс
6. Загубата на пакети во 90% од времето треба да е помала од 1%
За да биде услугата квалитетна, потребно е да бидат исполнети СИТЕ критериуми.
Доколку сметате дека услугата која ја добивате не ги исполнува наведените критериуми, можета да поднесете приговор до операторот и притоа да ги приложите резултатите кои сте ги добиле од мерењата со алатките од АЕК. Двете алатки за мерење на параметрите на интернет се две апликации, кои се слични меѓу себе, и тоа:
- веб-сервис на адресата speedtest.aek.mk, за информативно мерење (Упатство) и
- самостојна десктоп апликација, за попрецизно мерење (Упатство).
Превземете ги документите:
Означено со
Поврзани вести
- Правилник за изменување и дополнување на правилникот за утврдување на формата и содржината на барањето за доделување на броеви и серии на броеви, податоците што се приложуваат кон барањето како и начинот и постапката за доделување на броеви
- Правилник за изменување на правилникот за преносливост на броеви
- Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за начинот на изградба на јавните електронски комуникациски мрежи и придружни средства
- Правилник за единствениот европски број за итни повици Е-112
- Правилник за пристап и користење на специфични мрежни средства